Пред неколку дена (на 2.3.), поетот Ефтим Клетников со текст во „Нова Македонија“ ја обзнани својата оставка од членството во ДПМ и во ПЕН. Во неговиот текст, Е. Клетников посочува дека неговата одлука да го напушти ДПМ (и ПЕН) и не е нешто сосем ново, но оградувањето на Редакцијата на „Стожер“ и на ДПМ од ставовите искажани во неговиот текст со наслов „Дали северномакедонски или македонски поети?“ ја зацврстило таа одлука (и придонело за нејзина реализација). Имено, на самиот крај од текстот на Ефтим Клетников во „Стожер“ бр.4/2019 стои уредничката забелешка: „Ставовите изразени во оваа колумна се лични ставови на авторот на оваа колумна и не ги одразуваат ставовите на членовите на редакцијата на „Стожер“ и/или ставовите на ДПМ“.
Следниот ден (3.3.), главниот и одговорен уредник на „Стожер“, Трајче Кацаров, објави, исто така во „Нова Македонија“, негова лична реакција на оставката на Ефтим Клетников од ДПМ. А овој текст е исто така моја реакција на текстот објавен од Клетников во „Нова Македонија“, и ставовите изразени во овој текст се мои лични ставови, и не ги одразуваат нужно ставовите на членовите на редакцијата на „Стожер“ и/или ставовите на ДПМ.
Го потенцирам ова зборче, „нужно“, затоа што тоа е навистина нужно во оваа реченица. А уште понужно е во онаа уредничка забелешка под текстот потпишан од Клетников во „Стожер“ бр. 3/2019. Под текстот на Клетников треба да стои: „Ставовите изразени во оваа колумна се лични ставови на авторот на оваа колумна и не ги одразуваат нужно ставовите на членовите на редакцијата на „Стожер“ и/или ставовите на ДПМ“. Без овој клучен збор, пораката е јасна: никој од редакцијата и од ДПМ не се согласува со ставовите на Клетников. А тоа, едноставно не е така: и јас, како и Е.К., претпоставувам дека ќе има и други членови на ДПМ што се согласуваат со него.
Тоа што ова спасоносно зборче не е присутно во оваа реченица се должи на обичен пропуст. Дотолку повеќе, станува збор за технички пропуст: на графичкиот дизајнер (и „преломувач“) на „Стожер“ во повеќе наврати му се праќаат корекции сè додека не се дојде до (навидум) беспрекорен „прелом“. Дизајнерот уредно ги внесува корекциите што му се доставени во список, но по проверката од страна на редакцијата (и неретко од страна на самата претседателка на ДПМ), на дизајнерот често му се испраќаат дополнителни корекции (замена на фотографија или друг графички материјал, додатни содржини, преголемо растојание помеѓу зборовите, сеприсутните печатни грешки...) кои, иако се повторно уредно внесени, не ги исправаат сите грешки што (не) се наоѓаат на страниците.

Првиот број на „Стожер“ за 2019 имаше седум верзии - пред да отиде во печат. Сепак, и тоа издание има грешки. На пример, иако и под текстот (исто така „Став“) од Катица Ќулавкова беше планирано да стои истата уредничка забелешка (+ „нужно“) што стои под текстот од Клетников, тој план беше изумен во сложениот процес на подготовка на бројот. Има грешки и во вториот лански број, а третиот број на „Стожер“, во кој е и текстот на Клетников, има и други грешки. На пример, оваа:
Грешка во насловот. И тоа каква грешка! Наместо „Чуму“ - „Чуми“. Веројатно колегата Ефтим Клетников не ја забележал, разлистувајќи го списанието, затоа што овој лапсус калами совршено ќе му се вклопел во текстот околу оставката од ДПМ и од ПЕН.
* * *
Веројатно мора да се помириме со тоа дека грешки секогаш ќе се случуваат, во поголема и помала мера. Тоа во некоја мера се должи и на напорите што се издвојуваат за да се премости оној генерациски јаз што постои кај нас: не само помеѓу самите членови на редакцијата, туку и помеѓу членовите на редакцијата и некои од авторите застапени во „Стожер“. На пример, текстот на колегата Ефтим Клетников ни стигна како (прилично неуспешно) скениран машинопис, кој потоа требаше да биде дигитализирн. Ова подолу не е брзопотезно осветлен исечок од .pdf документот што ни пристигна, туку автентичен принтскрин:
Ова можеби изгледа напорно, но мене повеќе ми беше фасцинантно на левата половина од мониторот да имам отворен Google Docs фајл, а на десната скен од машинопис што треба да се дешифрира и преточи во левата половина. Фасцинантно беше да се гледа во двата различни века, трпеливо застанати рамо до рамо. Затоа што, иако на редовите од овој машинопис може да се прочита кирилично писмо, мене многу повеќе ми значи она што може да се прочита помеѓу редовите - оној звук на машината на пишување, грешката и пенкалото што ја поправа и, во крајна линија, сите оние дела напишани вака, и сето она време со својот посебен дух, сите оние години со кои ретко ни се вкрстуваат патиштата - и јас сум благодарен за тоа, за ова несекојдневно патување. Во истиот овој број на „Стожер“ (3/2019), Ана Бландијана, во погоре спомнатиот говор („Чуму поети во скудни времиња“), на едно место вели: „Спојот на Перверзното со Грдото сѐ уште нема добиено име, но зрачи со дијаболична моќ за да ги изопачи умот и душата на младите, за да го избрише секој постоечки меѓугенерациски континуитет, и за да ги замати слоевите на меморијата.“ Јас сум убеден дека „Стожер“ е плоднородно поле на кое може и треба да се негува оној меѓугенерациски континуитет во книжевната заедница, но тоа доаѓа со свој данок - а овие несакани уреднички грешки се очигледно една од таксите што треба да се плати.
* * *
Веројатно мора да се помириме со тоа дека грешки секогаш ќе се случуваат, во поголема и помала мера. Важно е да се разговара, да се сугерираат корекции, и грешките да се исправаат. Јас, а верувам и другите членови на редакцијата, особено ги цениме прашањата и пораките што ни стигнуваат во нашите приватни виртуелни поштенски сандачиња и на и-меилот на редакцијата ([email protected]), и се надеваме дека уште почесто ќе добиваме предлози за подобрување на „Стожер“ - и формално и содржински. А за тоа може секој да придонесе.
* * *
Би можел, за крај, да напишам дека „жалам поради грешката“, но тоа не би било искрено, особено затоа што оваа „калпавост“ - како што проникливо ја нарекува колегата Клетников - само ја забрзала зацртаната дијалектика на нештата. Освен тоа, јасно е дека мотивите на Клетников за напуштање на ДПМ (и на ПЕН) се многу посуштински, и одат многу подалеку од небудноста со еден испуштен збор во една уредничка забелешка. Но, тоа не е тема на овој текст.
* * *
За крај, линк до десет песни од Ефтим Клетников.