Откако се поздравив со пријателите, останав сам пред кафулето и отчекорев до езерото. Зимскиот воздух - чист и остар како срча под сонцето. Јас - сам. Тишина на брегот, тишина и во мене. Тишина што почнува да станува ужасна. Тргнав назад кон колата и се сетив дека ќе треба да возам најмалку еден час до дома. Се завртев, се вратив кај кафулето, влегов и, една од келнерките, токму во моментот кога со брз чекор минував зад неа - кивна.
Ова ми дојде како некој вид волеј и, „на здравје“, реков, колку импулсивно толку тивко, без да се свртам и без воопшто да ја погледнам, небаре и нејзиното кивање и мојата реакција беа само замислени во мојата глава. Сепак, зад себе чув кикот, и едно насмеано „фала“.
За секунда се почувствував помалку сам. „А што ако нејзе баш едно ’на здравје‘ ѝ фалеше денес?“, си реков, и помислив на една од конзервираните импресии од Горан: „Тишина. Ужасна тишина. Никој да кивне, да му речам – на здравје“.
Се гледам во огледалото од тоалетот. „Најверојатно мене ми фалеше едно туѓо кивање...“, си велам, и се сеќавам на еден лик што веќе со години живее во мојата глава – херој на банални подвизи, на дела осудени на заборав: човек што намерно стои пред влезот од театарот и подготвено му подава запалка на оној што буричка низ џебовите со цигара во устата; дотрчува да турне некоја кола да запали; му ги позема торбите на старецот; влегува во зградата и ја задржува вратата отворена...
Не би можел да се сетам на многу од стотиците кратки житија на светци што понекогаш ги читам, но често помислувам на еден светител во чиј животопис стои дека – исцелил прасе. Останувам збунет кога и да се сетам на него – во ред, судбината не му одредила да исцели некој крал или барем некој војник, но, толку ли успешно ги криеле од светијата своите болести и своите маки и обичните луѓе, толку ли го заоби-колувале и сакатите, немите и слепите, та наместо барем еден човек да се исцели, да остане запишано исцелението на – прасе? Или, можеби исцелението на прасето тежи колку и исцелението на еден принц? Сепак, којзнае колку бил осамен тој човек. Којзнае колкава сила му вриела во рацете. Каде ли одела сета таа сила? Се сеќавам и на една песна од Руми, напишана во форма на краток дијалог:
- Стани!
- Бегај, остави ме.
- Стани, кога ти велам!
- Бегај, болен сум!
- Не ми е гајле и да си мртов! Исус е тука, и сака некого да воскресне.