На 22.12.2020 г. од печат излезе малата тријазична (на македонски, грчки и англиски) антологија наслове-на „Да сум на твое место“/«Αν ήμουν στη θέση σου»/"If Ι were in your place". Овој блог го водам од 2014 г., но сега за првпат логото на „Булевар Ослободување“ се појавува во печатена форма. Во малата антологија има 13х3 песни и куси-куси раскази, од исто толку современи македонски автори и авторки, творци (и) на кратки книжевни форми. Преводот (и препевите) на грчки е на Емилија Мајсторова-Стојановска и Софиа Григориаду (која исто така е и редакторка на текстовите на грчки). Преводот (и препевите, секако) на англиски јазик се мои, но внимателно ревидирани од Никола Ѓелинчески. Лектурата на македонскиот дел од текстот е на Виолета Танчева-Златева, а кус предговор на книгата напиша Илина Јакимовска, уредничка на „Букбокс“ и авторка на подкастот „Обични луѓе“, помеѓу другото. (Кога сме веќе тука - Илина еднаш веќе пишуваше на „Букбокс“ за книгата на Жил Менар, која е некој вид „предок“ на оваа мала антологија.
Подетално, оваа мала антологија е исход од проектот „Stories we write #1.0 – еднонеделен резиденција-лен престој во културниот простор TWIXTlab во Атина, Грција“, кој требаше да се случи во мај 2020. Посетата на TWIXTlab, која не се одржа пред сè поради ковид-19, како свое тежиште требаше да го има претставувањето на книгата „50 раскази (најдоброто од 10 збирки раскази)“ од Жил Менар, а таа промоци-ја, пак, требаше да биде придружена со кратко претставување на 13 македонски автори и авторки (Жил Менар и 12-те рецензенти вклучени во неговата книга). Оттаму, и оваа мала тематска антологија не претендира да понуди некој широк преглед на современата македонска книжевност, туку – под светлината на темата „замена на места“ – има за цел да претстави само некои од повпечатливите писателски имиња кај нас, пред сè автори и авторки на кратки книжевни форми.
Во кусиот предговор на книгата, Илина Јакимовска, на едно место забележува дека „кога ќе се сретнат македонското 'не', грчкото 'ναι' и англиското 'nay', ризикот е огромен. Како во комедија на забуни, потврду-вањето лесно преминува во негирање, а сигурноста во сомнеж. Разбирањето во не-ναι-nay-доразбирање. Но не и тука. Замената на места што ја предлагаат тринаесеттемина македонски автори застапени во оваа мала антологија не е основа за конфликт, туку за емпатија. Влегување во нечии туѓи патики, скинати сандали или калливи чевли. Средби со вториот 'ти' и со другиот 'јас'. Поглед на работите од перспектива на ластовици, авион, комарец, или од зад бодлив тел. И низ призмата на преводи кои обезбедуваат заменетите зборови таму – во домот на другиот јазик – да се чувствуваат како на траен и гостински престој.“
Книгата може да се најде во Скопје, во книжарниците на „Антолог“ и на „Или-или“.