Еден ден, некој ќе ја направи играва и ќе се наполни со пари. Тој ден, врз основа на авторски права ќе побарам да ми се исплатат 5% од вкупната заработка и со мојот дел ќе си купам бунгалов на Сицилија.
Кај и да е, ќе се најде нeкој паметен што ќе направи нова ФБ игра, стратегија, со комшилаци. Нешто како SIMS, ама Балканска верзија. Со таа разлика што комшиите нема да си помагаат, туку ќе се групираат во чопори по партија/презиме/влез/кат/улица и ќе се ништат едни со други (како во вистинска стратегија) користејќи ситни заврзлами. Целта ќе биде на комшијата да му умре козата. Поточно - да се натера Другиот да се исели од комшилакот, сè до Last man standing. Колку повеќе штата правиш на комшиите, толку повеќе бодови добиваш, по што одиш на повисоко ниво, кај позезнати комшии (кои имаат врски кај ветеринарот и гаат кози-мутанти). На располагање, јасно, би имале безброј најразлични оружја (почнувајќи од озборување, па фрлање магии и ѓубре низ прозор врз нечија глава, труење нечие куче, градење ѕид пред нечиј прозор/врата, фаќање врски по институции, недавање банални согласности од колективна важност, корупција...). Главен имот на секој дом би биле трите кози со кои се почнува играта, и - добиваш бодови ако го зголемиш бројот на кози, а најмногу бодови добиваш ако направиш да му умре козата на комшијата. Исто, одиш на пониско ниво ако ти пцовиса козата, и испаѓаш од играта ако ти цркнат сите кози (по што играчот ќе може да си плати со телефонот за да си купи нови виртуелни кози). На секое следно ниво би имало нови, поопасни оружја (би се напредувало од станување маалски фраер до здружување со локалниот шериф, па државната мафија, па хомосексуалната мафија, па меѓународната мафија, и интерпланетарната мафија). Сепак, најреткото, најподмолното, најсмртоносното оружје, кое би го имало на сите нивоа, од најзабаталеното село па сè до центарот на главниот град, оружје кое би било крајно тешко да се подготви и против кое не би имало ни штит ни чит ни шит, би било TEZ – The Exterminator Zaprska. Откако најпосле си ги собрал некако сите неопходни реквизити за да го направиш, значи, го активираш (ќе може да се активира само во недела наутро), и одеднаш ти се осветлува цел екран, се јавува звук на сирена, женски црковен хор извикува „Аааааааа-ле-лу-ја!“, следи татнеж, од куќата што го активирала TEZ избива нуклеарна печурка и почнуваат да се шират зелено-виолетови концентрични кругови. Сè живо што се наоѓа во радиус од 3 блока губи 95% од mood-от и се парализира. Се ослободува од вкочанетост во еден од следните случаи: а) следниот ден, б) штом стапи во контакт со некој неконтаминиран играч в) ако на некој негов најблизок комшија му се направи некоја заврзлама (затоа што ако на погодениот му се направи некоја заврзлама, ќе ги изгуби и преостанатите 5% од мудот и му умира козата). Сепак, погодените од TEZ цела недела остануваат без 75% од брзината (поради што најчесто ќе решат да го продадат домот по мизерна цена на некој неконтаминиран, по што се селат во најзабаталеното предградие, заедно со преживеаните кози...).
Логото на играта би било кромид и пиперка, а мотото би било „Забибери им го. На сите.“
Логото на играта би било кромид и пиперка, а мотото би било „Забибери им го. На сите.“
Па би следеле најразлични верзии на играта:
...
Еден ден, некој ќе ја направи играва и ќе се наполни со пари, како газдата на Candy Crash порано. Тој ден, врз основа на авторски права ќе побарам да ми се исплатат 5% од вкупната заработката и со мојот дел ќе си купам бунгалов на Сицилија.
- Balkan SIMS - LEM (Local Elections Madness) - Најпрво си бираш политичка партија, почнуваш со лепење плакати, па имаш најразлични мисии и орудија: од ситни ветувања и услуги (работа, па кандидатура, итн.), преку заплашувања, купувања дипломи, потплаќања, сè до уценувања, брашно, шеќер, кафе, ќотек... Целта е да станеш градоначалник (па пратеник, па амбасадор...)
- Balkan SIMS - HAH (Hell-Ass-Holidays) - На одмор кај Јужниот Сосед, во два дела: прв дел собирање пари за вадење зелен картон, и, втор дел, сè останато – од потплаќање цариници за пренос на тегли туршија преку граница, преку барање гаражи и мочкање во базени, крадење крпи од хотелски соби... Целта е да се вратиш назад со здрава кола.
...
Еден ден, некој ќе ја направи играва и ќе се наполни со пари, како газдата на Candy Crash порано. Тој ден, врз основа на авторски права ќе побарам да ми се исплатат 5% од вкупната заработката и со мојот дел ќе си купам бунгалов на Сицилија.