Коски од сепија е првата поетска книга на Еуџенио Монтале (1896-1981), овјавена во 1925 година. Како централна тема во збирката критичарите ја издвојуваат „болката од животот“ (il male di vivere) - лирскиот субјект е осуден на изолација, а штуриот пејзаж од Лигурија е достојна рамка за внатрешниот пустош, кој може да биде услишен единствено од Божественатата Рамнодушност. Монтале се поистоветува со познатата филозофија на Песимизмот на Џакомо Леопарди, но имплицитно почнува дијалог и со други автори (Шопенхауер, Ниче...) коишто се занимавале со таа тематика. Коски од сепија е ризница од интертекстуалности (Монтале особено го цени Т. С. Елиот, неговиот став околу индивидуалниот талент и традицијата, но и неговата поезија и постапката на објективен корелат којашто и самиот ја применува во своите подоцнежни збирки).
Поради „набиеноста“ и затвореноста на писмото од оваа збирка, критичарите на почетокот го определувале Монтале како херметички поет. Сепак, подоцна Монтале го приземјува тонот, станува критички настроен, неретко и дрско прозаичен.
Поради „набиеноста“ и затвореноста на писмото од оваа збирка, критичарите на почетокот го определувале Монтале како херметички поет. Сепак, подоцна Монтале го приземјува тонот, станува критички настроен, неретко и дрско прозаичен.
Магор, Скопје, 2013 (131 стр.)
Корицата од едно од италијанските изданија на Сипени коси, пет преведени песни и нивните оригинали. (Напомена: доколку буквите се премногу ситни и нечитливи, постои можност со десен клик на сликата да одберете “Save image as...“, да ја спуштите на компјутер и да ја читате на висока резолуција).