1.
Вчера имавме состанок во една фирма во Скопје. Додека чекав во ходникот, слушав како двајцата портири разговараат меѓу себе. „Којзнае дали тргнале... / Па јави се, прашај. / Мајка му сакаше да му се јави... ама ја ќе му се јавам, па ќе ѝ се јавам нејзе. / Ало? Ало, Дино сине, тргнавте? Да? Ај јави ѝ се на мајка ти, да не те мисли...“
2.
Пред седум години, кога работевме во Јелоустоун, се запознав со една девојка од Јужна Америка. Една од најсветлите личности што ги имам сретнато. Се гледавме секој ден, ама таа си имаше дечко, Американец, тој многу го сакаше Ману Чао, и тука немаше многу простор за глупости. Ден пред да си заминам, сепак, седнавме на шанкот во барот од ресторанот кадешто заедно работевме. Разговаравме за македонските песни, за шпанските имиња, за работата, за грижите, за тоа дека сака да патува. Пиевме некое лошо локално пиво. Во еден момент настана тишина. Па таа се сврте кон мене. „Може ќе се сретнеме некаде пак.“ Јас тргнав од пивото. „Аха. И најголемата грижа што ќе ја имаме ќе биде смислувањето на имињата на децата...“
Прсна да се смее.
„Сакам да живеам заедно со тебе некаде кадешто единствена грижа ќе ни биде смислувањето на имињата на нашите деца.“
Следниот ден јас тргнав за дома, а таа по некое време замина за Галапагос.

3.
Ноќва лежам во Ѓорче. Надвор се слушаат штурци, и едно маче – во тоа мјаукање како да се собрала сета болка на светов. Преморен и без сврзани 4 саати сон во последниве две недели, речиси убеден дека ќе ме стрефи слом, помислувам како лежам, вака, тука, со лаптопот во скутот. Мачето го нема, ама те има тебе, припиена. Јас го гледам „Соништа“ од Куросава, а ти не сакаш филмови, и не знам дали спиеш или се мислиш нешто. Стомакот ти е малку поголем во споредба со од пред неколку месеци. Кога патникот од филмот влегува во селото на ветерниците, ти ме гребнуваш, и јас ја вадам слушалката од уво. „Кажи?“ Па ти: „А... Дино?“ Ми поминуваат морници. “Не, не, никако. Катастрофа...“ И си ја враќам слушалката назад. И продолжувам да го гледам филмот. Или, конечно, успевам да заспијам.

јуни 2015