Длабоко во спилестите планини во регионот Гуанши во Кина, моментално се гради (или посоодветно е да се рече „се одгледува“?) нешто навистина посебно: Шума-Градот Лиужу.
Интегрирањето зелени простори во урбани средини не е ништо ново. Но, да се изгради цел еден град со билки кои ќе бидат распослани врз секоја зграда и на секој булевар? Е, тоа е веќе нешто друго.
Шума-градот Лиужу се протега на површина од 175 хектари, по должината на брегот на реката Лиу. Откако ќе биде изграден (зафатот се очекува да биде завршен во 2020 година), 30.000 жители ќе се вдомат под зеленилото на Лиужу.

Околу милион билки од сто различни видови треба да бидат засадени низ шума-градот Лиужу. Исто, ќе бидат засадени и 40.000 дрва. Италијанската фирма за архитектура Стефано Боери Аркитети, студиото кое ја засади идејната семка на градот, тврди дека Лиужу годишно може да апсорбира повеќе од 10.000 тони јаглерод диоксид и други загадувачи.
Исто така, растителниот свет во градот би произведувал околу 900 тони кислород годишно.
Исто така, растителниот свет во градот би произведувал околу 900 тони кислород годишно.
Од спокојството на ваквата околина не би имале корист само луѓето - и птиците и пчелите ќе соберат дел од нектарот. Бројни животински видови од регионот Лиужу ќе добијат нов дом, со што ќе го одржува биодиверзитетот на местото. Освен тоа, со сѐ посилната урбанизација на средините, ваквиот пристап би помогнал светот да се направи посоодветен за живот и за нашите пријатели животни, и за нас.
Треба да се напомене тоа дека станарите нема да бидат ситуирани во градби направени од лисја, дрво и кора, како во некоја бизарна комуна - Лиужу ќе биде обезбеден со сите благодати на современиот град, вклучувајќи и брза железничка линија.

Не би било во ред град сместен под балдахин од чудесно зеленило да работи на погон од гнасни, отровни фосилни горива. Затоа, Лиужу ќе користи геотермална енергија за да ги придвижи внатрешните системи за регулирање на температурата на воздухот, а електричната енергија ќе биде обезбедена од соларни панели.
Што се однесува до Стефано Боери, тој веќе има искуство со преплетување на архитектура и животна средина. Тој беше пионер со концептот на „Вертикалната шума“ во Милано. Кулите „Боско вертикале“, изградени во 2014 година, беа неговиот прв обид да прекрие станбен објект од глава до пети со зеленило.

Пред две години, Советот за високи градби и урбани животни средини ова дело на Боери го одликуваше со наградата „Најдобра висока зграда за 2015 година“. По нејзиното отворање во 2014 година, Боско Вертикале исто така ја доби и Меѓународната награда за облакодери истата таа година.
Се чини дека Боско Вертикале била доволно успешна за да го поттикне создавањето на нацрт-планот за Лиужу, а можно е ваков план да биде отпочнат и во Шиѕиаџуан, еден од најзагадените региони на северот од Кина.

Градењето ваква населба во срцето на индустријата на земјата би било вистински тест за овој концепт како практично решение на сѐ посериозните проблеми со загадувањето со кои се соочува Кина. Бројни урбани центри низ земјата редовно се соочуваат со воздух во кој штетните честички се на повисоко ниво од она кое би можело да се сретне во жариштето на распламтен шумски пожар.
1.1 милион луѓе годишно во Кина го губат животот благодарение на ефектите од смогот и нечистиот воздух. Постои надеж дека проекти од типот на шумаградот Лиужу ќе го намалат ова. Ако се покажат како успешни, ваквите зафати би можеле да бидат применети и во земји како Индија, кои и самите се соочуваат со тешки предизвици кога се работи за животната средина.

...
(Текстот е преведен, а фотографиите се преземени од оваа веб-страница.)
(Текстот е преведен, а фотографиите се преземени од оваа веб-страница.)