Во духот на некои филозофи од минатиот век, последниве неколку месеци се фаќам себеси како размис-лувам околу тоа како зборовите и нивното присуство/отсуство во секојдневието ми го условуваат мислењето и изразувањето, па и однесувањето, па така и личната (и колективната) култура воопшто. Пред некое време, најпосле, на „Букбокс“ наидов на еден важен текст за поимите „хипокогниција“ и „хиперког-ниција“, и оттогаш уште почесто мислам на тоа. Интересно: „хипокогниција“ ја опишува состојбата кога човек занемарува некоја појава само затоа што не знае дека постои збор за таквата појава. (На пример – не знаеш што е „сексизам“ и продолжуваш да се однесуваш сексистички само затоа што така си навикнат, што е многу грдо.) Од друга страна, пак, „хиперкогниција“ е кога знаеш за постоењето на некој збор, па имаш тенденција тој збор да го користиш и кај што чини и кај што не чини, со што го расипуваш муабетот. (На пример, ако го користиш зборот „менсплејнинг“ (mansplaining), секогаш кога некое машко ќе почне да зборува за „женски“ прашања, тоа може да биде стигматизирачки.)
Овде пишувам за шест зборчиња од моето секојдневие, предмети на хипо- и хиперкогниција, за кои некако почесто размислувам овие недели и месеци, и кои не само што влијаат на мојот начин на размислу-вање и однесување, туку и ми помагаат полесно да препознаам и да разберам некои од случувањата во мојата (виртуелна) околина.

I. Хипокогниција: „соблазна“ и „послушание“
1. „Соблазни“
Се случи така, од пред околу две-три години почесто одам во манастир и разговарам со монасите таму. Еден глагол што тие често го користат – со сериозно, загрижено лице – е „соблазни“: „Само пази да не го соблазниш“/„Таа ете го соблазнила“/„Тие се соблазниле и згрешиле“, итн. „Соблазни“, значи „да искушува“, односно „да наведе некого на грев“: да поттикне (ненамерно/со провокација/ликување, итн...) кај некого некакво негативно чувство (жал, тага, завист, осуда, нервоза, омраза...). Откако го „асимилирав“ во себе овој збор – ова звучи баш наивно, ама тоа е тоа – станав многу посамосвесен за тоа како моите постапки би можеле да ги направат другите да се чувствуваат лошо. На пример, често сум бирал да се однесувам на некој начин, иако сум бил свесен дека постапката можеби ќе изиритира некој човек, а фактот што тој човек не бил доволно образован/свесен за некои прашања ми било доволно оправдување пред себеси (и пред другите), и воопшто не сум ја испитувал понатаму (не)исправноста на моето однесување: ако е човекот прост, тоа е негов проблем. Секако, сево ова е сложено: ако некој прави зло, глупаво е да се прашувам дали моето несогласување со него/неа би можело да му/ѝ биде соблазна. Јас претпочитам да реагирам, но повторно – многу е важен пристапот: осуда, исклучување и омраза VS (макар обид за) разговор и разбирање.
2. „Послушание“
Кога некој од монасите е одговорен за некоја работа, се вели дека тој има „послушание“. Кога првпат го чув овој збор, во мене се случи тектонска промена во поглед на сфаќањето на одговорноста за одредена задача. Кај нас, „световните“ наративи и „уредувања“ претежно јасно ја дефинираат „улогата“ на одговорниот на некоја задача: од него/неа се очекува да биде „лидер“, „главниот“, „решителен“... и, многу важно, да знае „да пресече“. Само затоа што е „главен“/„главна“, нели. Но, „послушание“ одеднаш нешта-та ги поставува на еден дијаметрално спротивен начин: оној „главниот“ е ставен во позиција да „слуша“, па дури и да „служи“. Таквото сфаќање на одговорноста има далекусежни придобивки, особено ако се потсетиме дека во некои земји зборот за функционери е “public servants” (јавни служители), а во некои племиња „поглаварот нема моќ да ги командува другите: неговата работа е да ги артикулира мислењата на другите, да работи за консензус“(1) (што ги прави, патем, тие племиња многу по„цивилизирани“ од нас). Овој поим, „послушание“, не само што покажува колку е неприроден обидот за наметнување на личниот став во група, туку и инспирира желба за проактивност растоварена од суета.

II. Хиперкогниција: „релативизатор“ и насилна контекстуализација
На М.П.
3. „Релативизатор“
Наспроти „соблазна“ и „послушание“, како мои лични случаи на хипокогниција, „релативизатор“, ми се чини, e многу често предмет на „хиперкогниција“, и се користи некритички и погрешно. „Релативизатор“ е некој што со свои „аргументи“ сака да го „ублажи“, т.е. да го направи „релативен“ интензитетот на некој настан или состојба, и со тоа со предумисла да влијае на начинот на кој јавноста го перципира тој настан/состојба. Пред некое време, на пример, под една објава на Фејсбук се случуваше колективна осуда (читај: јавно черечење) на конкретна случка. Веднаш откако се вклучив во дискусијата со забелешка околу логичката недоследност во расудувањето на некои од осудувачите, бев наречен „релативизатор“, што ме подизненади и ме натера на размислување: имајќи предвид колку ни е поларизирано општеството, по многу основи, оние вклучените во „јавниот дискурс“ претпочитаат апсолутни, дефинитивни состојби, а ставањето на „апсолутната“ состојба под знак прашалник се толкува како обид за подривање на консен-зусот (јавниот линч, во конкретниот случај). Иако ова е пример за хиперкогниција, можеби тоа не би бил најсоодветен збор, оти за разлика од хипокогницијата т.е. „под“спознанието, тука нема „над“спознание, туку едноставно – погрешно спознание.
4. Насилна контекстуализација
Вистинска хиперкогниција се случува кога одреден исказ, кои бил изговорен со конкретна намера („значење“) и со ограничена (често буквална) порака, ќе бидат „хиперконтекстуализирани“, т.е. насилнич-ки притиснати и врамени во конкретен теоретски наратив/академски дискурс, при што од тие самостојни појави/искази (користејќи го „историското сведоштво“, на пример), ќе бидат изведувани (често погубни) заклучоци кои на оној што го изговорил исказот не му биле ни на крај памет. Насилната контекстуализаци-ја (често „тактика“ на луѓе со добра ерудиција) знае да биде „протнувана“ како „критичко промислување“, исто како што и релативизирањето може да биде „шверцувано“ како „мој личен став“, на кој секој има право. Со тоа, од една страна тие можат да бидат многу подмолни тактики во јавна дебата, но од друга страна, таквата подмолност често може лесно да биде проѕрена ако се проанализираат меѓусебните врски на оние што се вклучени во расправијата и нивната поврзаност со центрите на моќ.
III. Пак хипокогниција: „гладијаторство“ и „флешинарење“
5. „Гладијаторство“
Овој поим го спомна Искра Гешоска, во нејзиното интервју за НоваТВ (претпоследниот параграф). „Гладијаторство“ се случува во оние ситуации кога, во некоја полемика/недоразбирање, „разговорите не се аргументирани критички дебати во кои се разбира ќе има и понагласени спротиставувања (sic!), позиции и несогласувања, туку тие стануваат мегдан на кој треба или да се воспее до небеса другиот или да се згази во калта, целосно да се дискредитира, да се понижи, да му се пушти крв ако може“. Многу секојдневни зборови се користат за да се опише оваа отровна појава на навредување, но конкретниот збор „гладијатор-ство“ е прецизно профилиран вид на токсично, милитаристичко, маскулинистичко однесување, каде иако контекстот овозможува конструктивна критичка дебата, се случуваат лични напади. Затоа, „гладијаторите“ можат да бидат сензационалисти, но не можат да имаат сериозно влијание во свеста на оние со извесно ниво на култура.
6. „Флешинарење“
Флешинарење, т.е. „брзо (флеш) лешинарење“, е еден конкретен начин на однесување на медиумите и на корисниците на социјалните мрежи, кога се споделуваат вести и објави од трети лица, со различни намери: или за да се постигне поголема посетеност (кај медиумите), или за да се дискредитира некој (со навреди и понижувања, на мрежите). Медиумите-флешинари како „вести“ нудат нечии лични изјави или видеа, а флешинарите-корисници на фејсбук/твитер споделуваат или такви „вести“ (лабаво, за забава), или принт-скрин од нечија изјава (статус/коментар/твит...). Ова е деликатно прашање, и секоја ситуација е случај за себе. Секако, јасно дека треба редовно да се реагира и да се обзнануваат опасните вести и изјави. Но, има две клучни разлики помеѓу осудата и флешинарењето: прво, брзото виртуелно лешинарење води до групно навредување, исмевање и понижување на накого, а „флешинарот“ го поттикнува тој презир и тоа исмевање што тој/таа ја иницира, а блискиот круг пријатели (во бенигните случаи) или разжестените следбеници (во малигните случаи) без размислување ја истураат во коментари. Другиот (помалку) битен белег на флеши-нарењето, кое е акутен облик на „гладијаторство“, е отсуството на комуникација помеѓу флешинарот и неговиот „плен“: тој молк/замолкнување на (не)обележаниот „плен“ прави од него нем „леш“. Но, некому-никацијата најчесто е очекувана и разбирлива, затоа што „лешеви“ вообичаено се или лица што немаат профил на друштвени мрежи, или се анонимни, некултивирани и/или емотивно оштетени личности со кои е невозможно да се влезе во пристоен дијалог.

***
За „флешинарење“, и воопшто за овие зборови се пишуваат цели книги. (Јас имам намера да напишам уште еден текст, за еден друг, не многу познат поим, евентуален противотров за „флешинарењето“.) Да се пишува со овој тон, како што спомнав и на почетокот, звучи наивно, и, навистина, тоа е наивно. Но, имам впечаток дека (барем во животите на некои луѓе) доаѓа миг кога мора да се прифати тоа дека неизбежно е наивноста, слично како и кршливоста, всушност, да бидат прифатени како легитимни обележја на (раз)говорот. Точно, наивноста е прва сосетка на глупавоста, но истовремено е и потстанар на љубопитноста. А љубопитноста (освен што е опасна по животот на мачките), е предворје на многу вистини. Пред година-две, во МКЦ во Скопје, еден странски писател на возраст од педесетина години, чија книга се промовираше вечерта, рече нешто по што неколкумина високо ги кренаа веѓите. Модераторот го праша: „Нели мислите дека некој би можел тој Ваш став да го смета за наивен?“, а писателот само кимна со главата, и рече нешто во стил: „Апсолутно. Но, ако сакаме да смениме некои работи, ставот нужно мора да звучи наивно.“
***
Ова нè води до она древно прашање: дали треба да сакаме „да смениме некои работи“? Како „помлад“, сакав „да сменам некои работи“. Потоа, некое време мислев дека его-трип е да сакаш да ги смениш рабо-тите: најмногу што можеш да правиш е да се смениш себеси и начинот на кој го преципираш светот, и да дадеш ненаметлив личен пример. Но, сега сфаќам дека секој си ја бара својата вистина, а мојата (засега?) се чини дека ги опфаќа и двете позиции: сега мислам дека е егоцентрично и мрзливо да мислиш и да работиш само на себе. Освен тоа, секојдневно гледам како некои луѓе навистина ги менуваат работите со иницијатива и со работа, и тоа дава поттик. „Знам дека можам да ги сменам работите“ е гротескно наивно и можеби опасно тврдење, и извесно е дека крајниот исход е (ваков или онаков) неуспех. Но, како и да е, да се остане слеп и нем пред некои неубави работи, за мене не е здрава опција. Буквално.
***
Ова нè води (уште овојпат) до овој неверојатен споменик во паркот Ташмајдан во Белград, со кој случајно се запознав пред три години. Пребарувајќи сега фотографија од него, случајно на еден портал прочитав дека скулптурата до пред четири години имала и глава. Новинарот жали за обезглавувањето, но јас знам дека да ја начекав оваа скулптура сосе глава, сигурно немаше да бидам толку запрепастен, па цел час да вртам околу неа, набљудувајќи ја. Она што навидум личи на вандализам, во случајов е „доправање“ на скулптурата. Затоа што секој што ја знае приказната за Дон Кихот знае дека оваа скулптура (можеби единствена од тој вид?), колку повеќе се кине, се сече и се уништува, толку станува помоќна, пострашна, понеуништлива.
Јован Солдатовиќ (1920-2005) - „Дон Кихот“ (парк Ташмајдан во Белград). (Линк до фотка со висока резолуција.)
Цитат (1):
„Социјална антропологија“, стр.155 (недостасува целосна библиографија), во „Антрополошки елементи во романот ’Чекајќи ги варварите‘ од Џ.М.Куци“, од Стефан Костоски, во списание „Современост“ бр.3, 2018.

За крај, за секој случај:
ова е мој авторски текст (Живко Грозданоски) и не смее да биде преземан (ни во целост, ни делови од него) од веб-портали и други медиуми без моја претходна согласност.