Ноќниот јасмин Исто се отвораат ноќните цветови во часот кога мислам на моите драги. Ете долетаа и вечерните пеперуги низ гранките на картопот нижат траги. Последниот крик веќе одамна стивна: една куќа сал шепти зборови орни. Под крилјата гнездата почиваат, како очите под трепките морни. Од отворените чашки на цветот миск на црвени јагоди се шири. Во ходникот свети едно светло. Нова трева над дупките вири. Една задоцнета пчела шушка, од пчеларникот нов рој ќе се рои. Квачката низ небесното гумно ги води зад себе ѕвездите свои. Ветрот продолжува да го шири истиот мирис низ ноќта јасна. Се движи светло нагоре по скалите; затрепка на спратот: и згасна... Зора е: се затвора венчето, по малку истоштено, над толчникот леко. Во него, ровок и чудесен, тлее за мене непознат благослов некој. | Il gelsomino notturno E s'aprono i fiori notturni, nell'ora che penso a' miei cari. Sono apparse in mezzo ai viburni le farfalle crepuscolari. Da un pezzo si tacquero i gridi: là sola una casa bisbiglia. Sotto l'ali dormono i nidi, come gli occhi sotto le ciglia. Dai calici aperti si esala l'odore di fragole rosse. Splende un lume là nella sala. Nasce l'erba sopra le fosse. Un'ape tardiva sussurra trovando già prese le celle. La Chioccetta per l'aia azzurra va col suo pigolìo di stelle. Per tutta la notte s'esala l'odore che passa col vento. Passa il lume su per la scala; brilla al primo piano: s'è spento... E` l'alba: si chiudono i petali un poco gualciti; si cova, dentro l'urna molle e segreta, non so che felicità nuova. |
Џовани Пасколи (Giovanni Pascoli, 1855 - 1912) имал тежок семеен живот: откако поетот во раната младост ги загубил родителите и голем број од браќата и сестрите, останал сам со двете сестри Ида и Мариа. Тие започнале да живеат со Пасколи, а тој кон нив чувствувал речиси манијакална приврзаност. Сево ова се одразува и во неговата поезија: „гнездото“ е чест симбол во неговите стихови.
Пасколи студирал книжевност - бил ученик на Џозуе Кардучи, на универзитетот во Болоња, а потоа и ја наследил неговата позиција.
Пасколи е декадентен автор, извонредно напреден за своето време. Неговите стихови се исполнети со симболи, а освен тоа, поетот посветува особено внимание на ритамот и музикалноста на изразот.
Семејните трагедии оставиле длабока трага во животот на Пасколи: тој никогаш не остварил блискост со жена. Тоа на суптилен начин е искажано во завршниот стих од „Ноќниот јасмин“, поезија којашто поетот ја напишал по повод свадбата на еден негов пријател.