Човеку од моето време Уште си истиот оној со каменот и чаталот, човеку од моето време. Ти беше пилотот на злокобните крила, меридијаните на смртта, те видов – беше во тенковите, на бесилките, на чекреците за измачување. Те видов: тоа беше ти, со твојата наука, прецизно устремена кон истребување, без љубов, без Бог. Никогаш не престана да убиваш, како што убиваа и татковците, како што убиваа и животните кога те видоа за прв пат. А оваа крв мириса како и денот Kога едниот брат му рече на другиот: „Да одиме до полето“. И тоа студено, жилаво ехо, допре и до тебе, до твојата денешнина. Заборавете ги, о чеда, облаците од крв Kренете се од земјата, заборавете ги татковците: нивните гробови тонат во пепелта, црните птици, ветерот, срцето им го завеваат. | Uomo del mio tempo Sei ancora quello della pietra e della fionda, uomo del mio tempo. Eri nella carlinga, con le ali maligne, le meridiane di morte, t’ho visto – dentro il carro di fuoco, alle forche, alle ruote di tortura. T’ho visto: eri tu, con la tua scienza esatta persuasa allo sterminio, senza amore, senza Cristo. Hai ucciso ancora, come sempre, come uccisero i padri, come uccisero gli animali che ti videro per la prima volta. E questo sangue odora come nel giorno Quando il fratello disse all’altro fratello: «Andiamo ai campi». E quell’eco fredda, tenace, è giunta fino a te, dentro la tua giornata. Dimenticate, o figli, le nuvole di sangue Salite dalla terra, dimenticate i padri: le loro tombe affondano nella cenere, gli uccelli neri, il vento, coprono il loro cuore. |
Салваторе Квазимодо (Salvatore Quasimodo, 1901 - 1968) се родил на Сицилија, во Модика, малечко место во близина на Рагуза. Отишол на Север и останал да живее таму, но постојано се враќал на Југ, и низ стиховите, затоа што во првата фаза од творештвото, кога пишува беспрекорно херметичка поезија за да ја опише отуѓеноста на модерниот човек, само детството може да ја ублажи болката.
Втората фаза од творештвото на Квазимодо почнува со втората голема војна: поетот изјавува дека „ставот на поетот во општеството не смее да биде пасивен“. Тогаш, изразот на Квазимодо станува сосем отворен, а пораката крајно директна. Разбирливо, во втората фаза од неговото творештвото главна тема во поезијата е војната.
Квазимодо добива Нобеловата награда за литература во 1959 година.
Втората фаза од творештвото на Квазимодо почнува со втората голема војна: поетот изјавува дека „ставот на поетот во општеството не смее да биде пасивен“. Тогаш, изразот на Квазимодо станува сосем отворен, а пораката крајно директна. Разбирливо, во втората фаза од неговото творештвото главна тема во поезијата е војната.
Квазимодо добива Нобеловата награда за литература во 1959 година.