На втори август 1934 година Адолф Хитлер стана фирер на Германија, со што отпочна ерата на најсвирепата диктатура во Историјата. За него може да се види и прочита сешто, но, сѐ уште има некои не сосем расветлени ќошиња од неговиот живот.
1. Мустаќите? Во чекор со модата.
Квадратести мустаќи, камшиче и виндјакна затегната на половината: тоа се главните елементи на изгледот на Адолф Хитлер. Но, тој стил не бил сосема негов личен избор. Како помлад, тој всушност имал долги мустаќи, како што било мода на почетокот од дваесеттиот век. Кога пошол во војска (во текот на Првата светска војна), бил принуден да ги „збие“ за да може да ја стави гас-маската. Потоа, ги оставил мустаќите кратки, а тоа било во склад со новата мода. Од друга страна пак, неговиот пријател Дитрих Екарт, истакнат претставник во тајното друштво „Туле“ (централно јадро на нацистичката партија) го убедил да ја батали запуштената боемска облека гардероба на сметка на воената гардероба.
2. Навистина ли неговите претци биле Евреи?
Хитлер бил Евреин? Ова е контроверзно прашање. Одамна стои хипотезата дека таткото на Хитлер, Алоис, бил вонбрачно дете на една собарка, Марија Шикелгрубер, и некој млад Евреин кај кого таа работела, но тоа се само недоверчиви гласини. Се работи за генетика. Како и да е, овој историски парадокс повторно стана актуелен по едно неодамнешно белгиско истражување кое испита ДНК од 39 роднини на диктаторот, при што наиде на дел од хромозом кој често се среќава кај Евреите Сефардити и Ашкенази, но и кај мароканските Бербери. Ова истражување, очигледно, не докажува дека Хитлер бил Евреин, но сепак потврдува – ако некому сѐ уште му е потребна потврда – дека нацистичкиот мит за аријанскате раса е сосем неоснован.
3. Специјален воз (поточно, два).
Иако го претпочитал автомобилот, поради неговата 24/7 агенда Хитлер често бил принуден да го брка возот, кој бил побрз и побезбеден. На крајот од Триесеттите за него бил воспоставен и „Фурерзондерцуг“, специјален воз кој бил подвижен централен штаб со сите нишани. Всушност, диктаторот си имал два воза: првиот бил користен за време на мир, а вториот бил опремен за војна, со блиндирани вагони и оружја. Спартански. Вториот воз му се викал Америка и поседувал и противавионски топови. Внатрешноста била удобна, внимателно уредена, но не раскошна затоа што фирерот се држел до спартанскиот стил, посоодветен за војната надвор. Возот се движел по тајни рути, но во 1941 година за влакно избегнал атентат со динамит.
4. Загадочниот ташак.
Точно ли е тоа дека Хитлер имал само еден ташак? За авторите на сатиричните песнички кои ги потсвирнувале англиските војници во текот на Втората светска војна, бездруго да. Во однос на ова прашање докази наводно можат да се најдат помеѓу неодамна објавените белешките на еден полски свештеник, на кого оваа подробност му била пренесена во шеесетите години од страна на Јохан Јамбор, воен доктор кој во текот на Првата светска војна го лекувал и младиот Адолф. Според наодите, меномацијата била предизвикана од шрапнел кој го ранил во меѓуножјето во битката кај реката Сома (Франција). Но, сепак сомнежот опстанува: англискиот историчар Томас Вебер, кој се повикува на необјавени документи, се сомнева дека Хитлер бил во првите борбени редови тој ден.
5. Кукла за младите сили.
Не поднесувајќи ја помислата од можноста неговите одлични војници во текот на окупацијата на Франција „да ја загадат“ својата аријанска крв со локалните проститутки, во 1941 г. Хитлер наредил да се дизајнира специјална кукла на надувување која ќе ги задоволува потребите на трупите. Инструкциите биле експлицитни: „светла кожа, русокоса, сини очи, 1,76 м. височина и крупни гради“. Накусо – совршена аријанка во пакување на секс-играчка, за која било одбрано името Боргилд (хероина од нордиската митологија). Сепак, едно бомбардирање од страна на сојузниците ја срамнил со земја фабриката во Дрезден која била задолжена за производство, па така француските бордели продолжиле да праат бизнис со германските војници.
Оваа приказна е раскажана од Греме Доналд во книгата „Берберот на Мусолини, и Други приказни за непознатите играчи поради кои се случи Историјата“, но, според некои други историчари, во овој случај се работи за чиста измислица.
Оваа приказна е раскажана од Греме Доналд во книгата „Берберот на Мусолини, и Други приказни за непознатите играчи поради кои се случи Историјата“, но, според некои други историчари, во овој случај се работи за чиста измислица.
6. Љубител на екстремен секс.
Ако се држиме до сведоштвата на неговата внука Гели Раубал (која настрадала од самоубиство по незината врска со чичко ѝ), се чини дека порнографијата и садомазохизмот биле во темелот на сексуалните фантазии на Хитлер. Девојката признала дека „чичо Алф“ ја принудувал да му позира гола во развратни положби, или да оди на сите четири за потоа да си го добие камшичето отпозади. Некои од овие дејанија се одвивале во име на „магичниот секс“ (гранка од окултизмот која се базира на садомазохистички ритуали), страст која според некои Хитлер ја делел со убавата Винифред Вагнер, нуора на композиторот Рихард Вагнер. Освен тоа, некои доктори сведочеле дека диктаторот се подвргнувал на инјекции од тестостерон за да го зголеми своето либидо.
На фотографијата е прикажана Ева Браун, сопругата на Хитлер, како се бања гола.
На фотографијата е прикажана Ева Браун, сопругата на Хитлер, како се бања гола.
7. Обожавател на Кинг Конг.
Покрај сликарството, Хитлер особено ја ценел и кинематографијата. Располагал со голем број приватни сали за проекција, каде често канел друг страстен љубител на киното, Јозеф Гебелс. Но, каков вкус имал поточно фирерот? Омилена актерка му била Грета Гарбо, додека актерот кој никако не го поднесувал (барем во јавност, затоа што приватно покажал дека знае да ја цени комичноста) бил Чарли Чаплин, кој во 1940 година си подигрувал со него во филмот Големиот Диктатор. Негов омилен филм бил Кинг Конг (1933). Славното мајмуниште за Хитлер бил инкарнација на примордијална сила и се смета дека оттаму ја позајмил навиката да се чука по градите во текот на собирите.
8. Очила? Не, благодарам.
Хитлер не бил баш надарен со „око соколово“. За да го надомести ваквиот недостаток, наредил да се изработи специјална машина за пишување со која бил препишуван секој документ кој бил наменет за него. Главна одлика на ваквата направа (која била изработена во еден единствен примерок и била љубоморно чувана од страна на Гестапо, политичката полиција на Третиот Рајх) била употребата на знаци кои биле многу поголеми од вообичаените. Ваквата мерка била преземена од фактот што фирерот одбивал да носи очила, за кои одлучил дека се само знак на слабост.
9. Фанатик по слатки.
Поради кревкото здравје и хипохондријата, Хитлер бил подложен на бројни режими на исхрана, притоа лишувајќи се од алкохолот и од месото (без притоа да стане целосно вегетаријанец). Но, имало едно нешто на кое не умеел да каже не: слатките. Имал вистинска манија за чоколада и павлака. Освен тоа, ставал шеќер во секој пијалак, вклучувајќи ја и водата и виното. Понатаму, ваквата дрчност му донела очигледни проблеми со забите. Но, штом ќе се појавел пред својот забар, ценетиот Јоханес Блашке, Хитлер знаел да се покака в гаќи, како дете. Забарот подоцна раскажал дека фирерот имал ужасно низок праг на болка: „Умираше од страв и при самата помисла дека треба да седне на моето седиште“ пренел тој. Така, расипаните заби на Хитлер му донеле трајна алитоза.
10. Вистински талент, ама за реклама
На училиште Хитлер бил прв кецарош, а дури и неговите возрасни пишувања се преполни со граматички грешки. Што се однесува до неговата кариера на сликар, од неа никогаш целосно не се откажал. Но, неговата уметничка жичка најсилно блеснала кога, на возраст од дваесет години, се пласирал на пазарот на рекламата, во Виена. Станувало збор за сликање постери кои рекламирале најразлични производи, како гел за коса, сјај за чевли, деодоранти и детергенти. Според некои историчари, токму на тој начин го усовршил познавањето на правилата за комуникација кои ќе му се најдат при освојувањето на власта, кога „производот“ што ќе треба да се изрекламира бил нацизмот.
.................................................................................................................................................
Целиот текст е преземен и преведен од www.focus.it.