Во кусиот предговор на книгата, Илина Јакимовска, на едно место забележува дека „кога ќе се сретнат македонското 'не', грчкото 'ναι' и англиското 'nay', ризикот е огромен. Како во комедија на забуни, потврду-вањето лесно преминува во негирање, а сигурноста во сомнеж. Разбирањето во не-ναι-nay-доразбирање. Но не и тука. Замената на места што ја предлагаат тринаесеттемина македонски автори застапени во оваа мала антологија не е основа за конфликт, туку за емпатија. Влегување во нечии туѓи патики, скинати сандали или калливи чевли. Средби со вториот 'ти' и со другиот 'јас'. Поглед на работите од перспектива на ластовици, авион, комарец, или од зад бодлив тел. И низ призмата на преводи кои обезбедуваат заменетите зборови таму – во домот на другиот јазик – да се чувствуваат како на траен и гостински престој.“
Книгата може да се најде во Скопје, во книжарниците на „Антолог“ и на „Или-или“.