Според легендата, во време кога на престолот на првата македонска средновековна држава бил кралот Хацон, се случило нешто многу чудно, нешто што останало да се прераскажува низ вековите. Ретки се оние што сметаат дека приказнава е обична измислица.
А еве што се случило: некој ден, кралот Хацон начул дека има заговор за негов атентат. Гласините велеле дека превратот ќе се случи за време на јавното крунисување кое било закажано за утрото по наредната полна месечина.
Владетелот, по предлог на својот најверен советник, нашол двојник кој ќе го заменува на церемонијата и почнал сето време да го минува со него. Двојникот имал речиси ист лик како кралот, но Великиот Хацон сакал неговиот заменик да биде беспрекорно подготвен за улогата.
Кога дошол денот на крунисувањето, двојникот и советникот се појавиле на дворскиот балкон, а кралот се облекол во партали и се смешал со селаните на плоштадот.
Набрзо се случило она очекуваното – од никаде, до балконот долетале две брзи стрели, а советникот и двојникот на кралот во истиот миг паднале мртви.
Настанал општ хаос: „Кралот е мртов! Кралот е мртов!“ почнале да извикуваат луѓето во ужас и избезумено да трчаат кон своите домови. Единствено парталавиот крал се обидувал да се пробие низ толпата и да се врати назад во дворецот. Но, откако исплашените стражари на портите неколку пати го турнале, Великиот Хацон бил зграпчен од некои селани и истрган надвор.
Долго време кралот чекорел бесцелно низ пустите улици. Не знаел што да прави со себе, кога, наеднаш, некоја прекрасна жена со расплакано лице истрчала од една куќа, му се фрлила во прегратка, па го повлекла со себе назад зад вратата.
Великиот крал како маѓепсан гледал во убавата жена што не можела да престане да му се радува.
Никогаш никој не му се беше радувал вака, на Великиот крал.
Кралот со неа ја минал ноќта, а и целиот живот, велат. И, да не умрел, таму горе на балконот, велат, најверојатно никогаш немало ни да се роди.