Нашироко се зборува дека некој ден Живко Грозданоски влегол во канцеларијата на Темплум и побарал да се види со Никола Гелевски. Никола Гелевски се наежил и веднаш го испратил Владимир Јанковски. Кога Владимир Јанковски слушнал за кого станува збор, го испратил својот соработник Ѓорѓи Крстевски. Ѓорѓи Крстевски не се ни помрднал од местото. Никола Гелевски опцул во себе и излегол низ врата.
- Повели Жика – рекол Никола Гелевски.
- Коља, би сакал да те замолам нешто. Може ли барем половина од надоместокот за преводот на романот да го добијам пред време?
- Зошто?
- Моите треба да купат крава.
- Крава?
- Да.
Никола Гелевски нервозно се насмевнал и му побарал број на жиро-сметка. По три недели, Живко Грозданоски му испратил на Никола Гелевски шише свежо млеко. На шишето стоела залепена белешка: „ заблажено е поубаво – една лажичка шеќер на една чаша од 200 мл“. Но Никола Гелевски не сакал да конзумира зашеќерени производи и го пиел млекото директно од шише.
Во меѓувреме размислувал каков наслов би ѝ одговарал на колумна која би говорела за врската помеѓу младата македонска литература и паланката.