Кога Едип дозна што му е пишано, како покосен се врати во сиропиталиштето. Реши да не бега, туку да започне пристоен живот. По никоја цена да не подлегнува на провокации и посебно да се чува од расправија со постар човек.
Проживеа така многу време. За волја на вистината, дури и уби неколкумина, но тоа беше затоа што тие беа или негови врсници, или помлади од него, и пред сè затоа што ја навредија неговата чест. Затоа, по многу години, Едип беше стар, имаше деца, имаше и внуци, и сè почесто помислуваше на тоа дека сè уште не се остварило пророштвото. Беше слаб, преморен, а оваа мисла не му даваше мир.
Најпосле, еден ден побара од синовите да го однесат на градскиот пазар.
Кога стигна таму, сретна некои старци што продаваа зачини и чаеви. Едип извади кама, ја стисна в рака и ја впери кон нив. „Кој од вас сака да умре?“ – праша, а збунетите старци го погледнаа исплашено. Тогаш, еден од нив, сиот распартален и сирот, ја крена раката, и старците зачудено се свртеа кон него.
Единствено еден друг старец, облечен во црно, си стоеше на страна и се правеше како ништо да не гледа. Едип се разгневи и го уби. Потоа клекна крај него, ја зеде неговата глава кај себе в скут, го погали и заплака.