Наречниците велат дека некаде не многу далеку на исток ќе се роди некоја малечка, бескрајно ситна земја, со некое чудно, неизговорливо име. Чудно е тоа што жителите на оваа дребна земјичка својата татковина ќе ја сметаат за уште поситна отколку што таа ќе биде, а за сè она што ќе може да се најде низ природата ќе има бог кој ќе го заштитува, затоа што е малечко, но исто така и ќе го контролира, затоа што се знае дека малечките нешта понекогаш знаат да бидат многу незгодни. Жителите на оваа земја кон својата татковина ќе гледаат и со љубов и со стравопочит, затоа што ќе знаат дека таму камењата нема да бидат само камења, ниту пак песокот ќе биде само песок. Таму дури ни водата нема да биде само вода.
Еве да речеме, таму и старите и дечињата месечината нема да ја гледаат само како месечина – тие луѓе својата земја ја сметаат за многу ситна, па затоа ќе веруваат дека месечината не е само месечина, туку е и златник што некој голем џин од некоја голема земја го обесил таму откако пресилно го гризнал за да се увери дали е вистински. Тој џин за нив ќе биде богот на месечината (или на златниците?), и тој ќе биде оној кој ќе се грижи за мирот на животот на луѓето ноќно време (или можеби за скромноста и богатството?).
Оваа земја многумина ќе пробаат да ја поробат и да ја потчинат, и сите до еден ќе успеат во тоа. Но, ни еден од нив нема да ѝ се радува на победата, затоа што тоа нема да биде никаква победа – војските нема ни да ги извадат сабјите од ножниците, ни да замавнат, ни капка крв нема да падне. За освојување на оваа земја секогаш ќе бидат испраќани млади војсководци, а жителите на оваа земја нема да ги дочекуваат само како војсководци, туку и како пратеници на некој од многуте земји и богови. Тие ќе гледаат збунето околу себе, а потоа ќе бидат носени во малечкиот храм во средината на земјата. Храмот нема да е само храм, па затоа и секој млад војсководец што ќе биде внесен во храмот, за момент ќе стане нешто друго. Ќе остане внатре колку што е потребно, а кога ќе излезе од храмот, мирно ќе си ја прибере војската (која повеќе нема да биде обична војска) и ќе си се врати таму од каде што дошол. Интересно е тоа што младиот војсководец долго време нема да знае да каже што видел внатре.
И наречниците велат дека не знаат што ќе чуваат жителите на оваа малечка и чудна земја во храмот. Но, дури и кога би знаеле што ќе биде тоа што ќе ги збунува младите војсководци, велат, тоа сигурно нема да биде само тоа што ќе биде, тоа секогаш ќе биде и нешто друго.