Многу, многу далеку на исток, има една земја, која колку што е мала, толку е и чудна. Целата земја е изградена на еден остров во форма на конус, а луѓето живеат на нејзините падини. Сите оние што живеат во оваа земја имаат куќи со убав поглед, висечки тераси на кои расне памук и лен, тремови за дочекување изгрејсонца и испраќање залези, малечки градини со лозници и нишалки, минијатурни фонтани и мовчиња доволно широки за да можат кои било двајца да чекорат еден крај друг. Со оглед на тоа што целата земја е една голема кружна падина, куќите се поврзани со куси калдрми и, најчесто долги, змијулести скалила од делкан камен. На врвот од планината живеат царското семејство, уметниците и високите благородници, во средниот појас е сместена буржоазијата, а во подножјето, крај дрвата и морскиот брег, рибарите.
Најчудното нешто во оваа необична земја е еден крајно несекојдневен обичај: од памукот и ленот што го чуваат на терасите и во дворовите, семејствата прават преѓа, а од неа – клопци. На врвот на планината не расне ништо, ни памук ни лен, но таму секогаш имаат клопци: царското семејство и уметниците редовно ги добиваат клопците како подароци, а благородниците често купуваат клопци од буржоазијата. Кај овие, пак, во средниот појас, расне памук, и тие можат и сами да прават клопци. Ако се случи да немаат доволно, купуваат од рибарите. Крај морскиот брег и дрвата, памук и лен расне во изобилство, така што тамошните жители клопци имаат секогаш.
Најпосле, ќе речете, чуму сиве овие клопци, зошто се толку важни? Е па, во тоа е целата приказна.
Островот од земјата на клопците е често изложен на удар од еден чуден ветар, кој кај жителите од земјата на клопците предизвикува чудна тага и силна желба за заминување. Луѓето многу се плашат од ова ветриште, и затоа, штом насетат дека доаѓа опасноста (на ветрот редовно му претходи мирис на диви јагоди што се разлева низ воздухот), цврсто ги затвораат прозорците и се скриваат низ подрумите на куќите или во палатата.
Ако сепак ветрот успее да допре до некое дете што се заиграло надвор, до некоја девојка што не го прицврстила добро прозорецот, или до некој старец што задремал на тераса, тогаш тој човек веднаш се разболува: почнува малку да јаде, не зборува, и најчесто го минува времето крај прозорецот, занесено гледајќи некаде неопределено во хоризонтот.
Единственото нешто што може да го спаси оболениот се клопците. Семејството на оболениот чека да дојде вечер, влегува во неговата соба со клопец во рацете, се доближува до прозорецот, го врзува крајот на клопецот за первазот, а клопецот го фрла надолу, низ темнината на планината.
Следното утро, некој од подолните жители ќе го најде другиот крај од клопецот во својата градина, пред вратата, или на покривот од куќата. Тогаш, тој човек може да направи две работи: ако има ист клопец, ќе го подврзе крајчето на дојдениот клопец со крајчето на својот, и ќе го фрли и својот клопец уште понадолу, кон подолните куќи. Ако нема клопец, најстариот човек од таа куќа мора да излезе надвор и да се упати нагоре по конецот, кон оној што прв го фрлил клопецот. Клопецот се враќа назад кај семејството на болниот, а таму го фрлаат в жар, да изгори. Потоа, дојденецот мора да помине три дена и три ноќи со оболениот затворен во иста соба. Кога оболениот ќе се опорави, дојдениот може да слезе назад дома.
Ветерот најмногу ги погодува оние кои живеат најгоре, но затоа пак тие секогаш имаат доволно клопци за сите оболени. И оние од средината имаат клопци што ги накалемуваат на тие дојдените. Така, речиси секогаш оние од подножјето на островот се приморани да го искачуваат стрмниот пат до тажниот перваз. Секако, и овие луѓе имаат клопци, и наместо да се качуваат по скалите, тие радо би врзале клопец и би го фрлиле надолу, но тој само би паднал во морето. „Рибите не се качуваат по скали“, знае да рече тогаш најстариот човек од куќата крај брегот, и лека-полека да се упати нагоре.
Додека старецот се искачува, семејството го испраќа со загрижен поглед, и единствено се надева дека патникот ќе стигне до врвот пред воздухот да замириса на диви јагоди.