Дедал и Икар ги ставија восочните крила на рацете и полетаа кон небото, бескрајно радосни што успеале да се избават од траорниот мрак на лавиринтот. Сепак, бидејќи не можеа да се согласат за насоката во којашто треба да се движат, по една жолчна расправија се разделија, и секој од нив продолжи да лета на своја страна, според сопствените убедувања.
По многу години, двајцата се наоѓаа во своите нови, раздалечени домови, и секој си го живееше својот живот. Ретко се сеќаваа на минатото, но, кога еден ден ја слушнаа легендата за двајцата бегалци од лавиринтот, и за тоа како едниот од нив настрадал, и обајцата си се насмевнаа во себеси: секој од нив беше сигурен дека другиот ја смислил приказната – едниот за да се покае, другиот за да се убеди дека бил во право.