Еден човек се враќа во својот дом. Минува низ ходникот, а таму има шкаф. Една од фиоките од шкафот е празна, а во вазната врз шкафот исто така нема ништо. Човекот влегува во големата соба: на една полица има сувенири, на другата има затворено шишенце, а на третата нема ништо. Во затвореното шишенце нема ништо.
Човекот и неговата жена одат на вечера. Седат во ресторанот, ја чекаат храната, разговараат долго, а најпосле човекот на својата жена ѝ подарува едно мало, фино украсено кутиче. Жената го отвора кутичето и се насмевнува.
Во кутичето нема ништо.