Кога му го кажаа пророштвото, избезумениот Едип почна да бега низ далечни, туѓи земји. Во себе знаеше дека пророштвото е судбина што мора да се оствари, па затоа повеќе како да сакаше да се скрие од себе, отколку од човекот што мораше да умре под неговата рака.
Еден ден, додека минуваше по еден напуштен шумски пат, од гората го нападнаа неколкумина мажи. Едип почна да бега, потоа и се бранеше, но, откако се најде во тесно, беше приморан да зарие нож во градите на еден од луѓето за да се спаси.
Самошто помисли дека тука ќе заврши сè, повторно беше нападнат, и пред да стане свесен за тоа, уште неколкумина неколку мртви тела лежеа со лицата неподвижни во крвта. Едип со преплашени очи гледаше во своите крвави раце и бревтајќи вдишуваше од мирниот воздух крај патот.
Штом се смири, се растрча низ луѓето што умираа околу него. Одеше од еден човек до друг, ги тресеше за рамената и очајнички им викаше в лице: „Ти ли си мојот татко?“ и „Да не имаш изгубен син, човеку?“, но тие само немо и безизразно се ѕвереа во него. Не го разбираа јазикот на туѓинецот.
Откако сè се стиши, Едип ги гледаше едно по едно лицата на мртвите, но не можеше ништо да прочита. Стоеше пребледен крај патот, и чувстуваше како го обзема неподнослив ужас: не успеа да дознае дали го оствари пророштвото, или пак допрва треба да го убие татко си.