Кога со акад. Влада Урошевиќ, пред околу две години, во текот на консултациите во неговата канцела-рија во МАНУ околу збирката „50 раскази“ од Жил Менар, почнавме разговор во врска со изгледите за преведување на македонски книги на италијански јазик, првиот збор што ми падна напамет, се сеќавам, беше „ресурси“. Воден од тогашното убедување дека преведувањето на италијански јазик пред сè би требало да биде активност за преведувачи чиј мајчин јазик е италијанскиот, верував дека не располагаме со доволен број човечки ресурси. Но, и покрај тоа што македонскиот лекторат во Неапол е ставен во мирува-ње од 2010 година (нешто за што би требало да се зборува, имајќи ја предвид улогата што лекторатите ја имаат во афирмирањето на јазикот и култура во странските земји – како што моментално тоа го прави македонскиот лекторат во Унгарија, на пример) секако дека не сме сосема лишени и од преведувачи на кои италијанскиот им е мајчин јазик. Затоа, по кратко истражување беше договорена соработка со две колешки преведувачки: Марианџела Бјанкофјоре, родена говорителка на италијанскиот јазик, и Роска Стојменова Вебер, која веќе триесетина години живее во италијанскиот кантон во Швајцарија и предава на Катедрата по италијанистика на Универзитетот во Базел.
Откако проф. Влада Урошевиќ ми предаде во фотокопија негов избор од сто и педесетина песни и кратки раскази, материјалите за преведување беа распределени на три дела: Роска Стојменова Вебер – раскази, Марианџела Бјанкофјоре – песни во слободен стих и еден циклус песни во проза, и јас – римувани песни.
Процесот на преведување траеше повеќе од неколку месеци, при што јас, како препејувач чиј мајчин ја-зик не е италијански, често бев во он-лајн комуникација со двете колешки, каде со помош на платформата GoogleDocs заедно ги прегледувавме моите препеви. GoogleDocs веќе неколку години не е ништо ново за голем број корисници на интернет технологиите, но сметам дека е важно да се спомене: платформата GoogleDocs нуди исклучителни можности за работа во група, особено кога станува збор за уредување текст: двајца (па и повеќемина) соработници, со самото тоа што можат истовремено да работат во еден ист виртуелен документ и да имаат моментален увид во работата на другите, можат физички да се наоѓаат и на различни континенти, но таквата нивна обработка на определен превод (или текст воопшто) со помош на GoogleDocs би се одвивала на многу побрз и попрегледен начин отколку кога истите тие соработници би седеле еден крај друг пред ист компјутер. Оваа платформа би можелa, исто така, успешно да биде користена и како алатка во преведувачка работилница: со GoogleDocs, намесно учесниците/групите да ги претставуваат различните решенија еден по друг, преводите би биле обработувани во исто време; наместо поединец/група да нема увид во резултатите на другите, сите текстови би биле изложени; наместо модераторот да биде привилегиран во дискусијата, сите би имале можност за комуникација – а сето тоа би довело до подинамична и побогата дискусија, суштинска и лишена од непотребните технички пасажи.
Навраќајќи се на процесот на преведување на книгата: при препејувањето како ресурси ги користев големите речници од Наум Китановски (Еуроклиент: македонско-италијански, 2003; италијанско-македон-ски, 2005) и извесен број дигитални алатки, помеѓу кои од клучна важност беа Енциклопедијата/речникот Трекани, пребарувачот на рими во италијанскиот јазик и италијанскиот речник на синоними и антоними на Сабатини и Колети.
Главниот предизвик со кој се соочив при препејувањето на песните на Влада Урошевиќ беше ограниче-носта на можностите за римување на стиховите на италијански јазик, која се должи на изразената конкрет-ност на поетските слики во песните на Урошевиќ. Имено, неговите песни се одликуваат со изразена наративност, а стиховите (уште поважно за нас) изобилуваат со крајно конкретни поими на материјални предмети и дејствија. Да го земеме како пример следниот познат катрен:
Трчаме голи по скалите
звучно, како низ клавијатура.
По нас се тркалаат портокалите
што од рацете ни се истураат.
(„Трчаме голи низ скалите“, Сонувачот и празнината, 1979, стр.44)
Во овие четири стихови, од деветнаесетте зборови има вкупно девет менливи (четири именки, три глаго-ли, една придавка и еден прилог за начин) чиј значенски набој евоцира дистинктивни предмети, појави или процеси (за разлика од предлозите, на пример), и тоа се зборовите што во случајов можат да се користат за рима (иако најчесто ограничената можност за инверзија на деловите од синтаксата оневозможува некои од нив да бидат земени предвид при римувањето). Понатаму, секој од овие девет поими, поради својата ригидна конкретност (наспроти флуидноста со која се одликуваат апстрактните поими), ретко има повеќе од еден еквивалент во целниот (во случајов италијанскиот) јазик: трча = corre, голи = nudi, spogli, скали = scale, звучно = sonoramente, клавијатура = tastiera, се тркалаат = rotolano, раце = braccia, се истура = rovesciarsi. (Секако, за да се зголеми бројот на еквиваленти во целниот јазик, некои од зборовите се префрлаат од една во друга зборовна група – од прилог во придавка, на пример – а потоа за новиот збор се бараат синоними: sonoramente > sonore = eccheggianti, rumorosi, итн. Оваа постапка најчесто подразбира реконструкција на целиот исказ, но таа сепак често се користи, затоа што и покрај измената, се задржува семата, т.е. она што Умберто Еко го нарекува „содржина на јадрото“ [contenuto nucleare] на поимот.)
Колку за споредба, во само еден стих од песна од Ацо Шопов (на пример, во „Она личи на измама теш-ка.“, првиот стих од песната „Промената“, од Слеј се со тишината, 1955) може да се случи да има повеќе еквиваленти во целниот јазик отколку во цела една строфа од песна од Урошевиќ: личи = assomiglia, pare, sembra..., измама = inganno, imbroglio, frode, truffa, fregatura…, тешка: pesante, greve, grave, durо…, а тоа значително ги зголемува комбинациите за создавање рими.
Во вакви услови, за да се задржи римата и во италијанскиот препев на катрен од песна на Урошевиќ, препејувачот е често принуден да воведе поим што воопшто го нема во оригиналот, а тоа значи зачекору-вање отаде една критична „линија на демаркација“, при што препејувачот влегува во една пространа територија, каде слободата на избор е нејасно околчена од слабо видливата контура на сенката што „облакот од смисла“ на оригиналот ја фрла врз територијата на целниот јазик. Со други зборови: потребно е да се воведе нов поим што е сосема туѓ на оригиналот, но кој сепак би го пренел она што Валтер Бенјамин го нарекува „облак од смисла“ на оригиналниот текст. („Треба да биде дел од истата приказна“, рече еднаш проф. Урошевиќ во една наша дискусија. „Треба да го има истиот тон“, реков јас, потсетувајќи се Алмодовар, кој често го користи овој поим.)

За да се воведе некој (соодветен за римување) поим во преводот, често од оригиналот треба да се изостави, т.е. да се жртвува нешто (некој поим, или цел израз). За да има што поповолен исход од „пре-говарањето“[1], преведувачот – во теорија – треба да одговори на две прашања: што да жртвува од оригиналот, и кој нов поим/израз да го воведе во препевот. Во пракса, сепак, поради флуидноста на процесот на изнаоѓање решенија, на овие две пра-шања бараме одговор истовремено, и тоа најчесто преку преформулирање на првото прашање: намес-то „што да се жртвува“, покорисно е да се праша-ме: „Што да не се жртвува?“ Конкретно, во текстот има некои „аголни“ поими што имаат посебен набој, кои се со поизразена функција на „носечки столбови“ на „пораката“, односно она што теоре-тичарите го нарекуваат „ефект“, „скопос“ (цел, на-мера), „’водечкиот дух‘ на текстот“, или, едностав-но, оној стар и неприкосновен „облак од смисла“ на Валтер Бенјамин. Тоа се поимите што би треба-ло да се задржат, дури и по цена на посериозни промени во остатокот од текстот. Тоа можеме да го илустрираме со еден конкретен случај, со овој поз-нат катрен од песната „Хаос“ (Ѕвездена терезија, 1973, стр.60): |
Сè повеќе има луѓе што се плашат од сината боја.
Сè повеќе питачи што ве влечат за ракав.
Сè повеќе непознати што на скалите стојат.
Сè повеќе оние што не прашуваат зошто е тоа така.
Во првата верзија на препевот на оваа строфа на италијански, решението беше ова:
Sempre di più coloro che temono il colore blu.
Sempre di più i mendicanti accucciatisi alle porte dei fornai.
Sempre di più gli sconosciuti fermi sulle scale lassù.
Sempre di più coloro che non chiedono – come mai?
За да го провериме овој препев, да ја испитаме неговата „реверзибилност“:

Сè повеќе питачи склопчени пред вратите од пекарите.
Сè повеќе непознати застанати на скалите горе.
Сè повеќе оние што не прашуваат – зошто?
Со овој првичен обид, би се рекло дека работата е завршена: препејувачот имал среќа да дојде до (нави-дум) „еквивалентен“ (со сета должна резерва кон овој поим) препев, а притоа морал да стори само една мала отстапка „преговарајќи“: она „влечење за ракав“ од оригиналот да го „трампа“ за исто толку поетич-ната „склопченост пред вратата на пекарот“. Сепак, во овој првичен препев на италијански има и една сериозна грешка: она „сината боја“ на Влада Урошевиќ е тука „решено“ со „colore blu“, кое, иако значи „сина боја“, сепак е една конкретна нијанса на темносина боја, како бојата на ноќното небо. Верувам дека авторот, кога го пишувал стихот, не мислел на оваа темна боја, туку на посветол тон, кој може да се однесува и на чистото небо, и на морето, а со тоа има позитивна, т.е. сосем спротивна конотација на она “blu”, што на италијански може да значи и „модро“, како во изразот “paura blu”, т.е. „модар страв“ (т.е., „да помодре од страв“). Згора на тоа, на англиски јазик „blue“ исто така значи „тажно“ (може да се спомене и музичкиот правец „блуз“, итн...).
Здраворазумно е да се претпостави дека авторот со „сината боја“ повеќе мислел на синилото на небото, или на морето, а оној страв од сината боја е и некоја форма „страв од слобода“, во крајна линија. За оваа светла сина боја, пак, на италијански има совршено складен збор: azzurro [аѕурро]. Така, имајќи „совршен“ првичен препев, а постериори откриваме дека „blu“ апсолутно мора да биде заменето со “azzurro”, поим што може да се смета за еден од носечките столбови во оваа песна (впрочем, и циклусот во италијанското издание во кој се наоѓа оваа песна носи наслов „Gente che teme l’azzurro“ - „Луѓе што се плашат од сината боја“). Но, оваа промена што ни се наметнува, односно замената на „blu“ со „azzurro“ исто така отвора проблем, затоа што “azzurro” веќе не се римува со она “lassù” [ласу], и треба да се најде рима за “azzurro”, што значи треба да се растури речиси „еквивалентно“ препеаниот трет стих. Расположливите рими на „azzurro“, пак, се следните (ги забележувам тука со нивните значења):
burro [бурро] – путер
buzzurro [буѕурро] – „сељак“
cimurro [чимурро] – штенечак (болест кај кучињата)
giaurro [џаурро] – ѓаур
portaburro [портабурро] – сад да служење (и складирање) путер
sussurro [сусурро] – шепот
Очигледно, ниедна од овие шест опции што ни се на располагање не е семантички блиска до третиот стих од оригиналниот текст („Сè повеќе непознати што на скалите стојат.“). Само buzzurro (буквално „човек што не слегува од планина“, а со преносно значење „простак“) се однесува на ист субјект (човек) како и кај оригиналот: „прост човек“ VS. „човек на скалите“, но „buzzurro“ е толку колоквијален и навред-лив збор што никако не би соодветствувал на стилот на оваа песна (па и на целата поетика на Урошевиќ, би можело да се рече).
Како решение беше одбрано „sussurro“ („шепот“), а конечниот препев на стихот е: „Sempre più conversazioni tramutate in sussurro.“ („Сè повеќе разговори преобразени во шепот“), што, верувам, е комп-лементарен кадар во сцената со оние „непознати што на скалите стојат“, и со тоа достојно го одразува „тонот“, „скопосот“, или, во крајна линија, „духот“ на песната.
Значи, при препејувањето на песните, предизвик беше редењето на мозаикот на римите, односно задржу-вањето на формалните одлики на поезијата на Урошевиќ и на италијански јазик, трудејќи се притоа целос-но да се остане во рамките на „приказната“. (Професорот, кој беше запознат за ваквиот начин работа, во една прилика ги сподели впечатоците од своето искуство со препевањето на неговите римувани катрени на француски јазик: преведувачите и уредници Французи воопшто не прифаќале отстапки од буквалните значења и воопшто ни предвид не ја земале можноста за какво било римување на стиховите, тврдејќи дека таква била уредничката пракса при препејувањето на француски, отсекогаш: независно дали станува збор за „Гавранот“ од По, за песна од Есенин, или за кој било друг автор.)

* * *
Една друга замка во која несмасно се вплеткав римувајќи ги стиховите се должеше на мојата намера во препевот да биде пресликана, секаде каде што тоа беше погодно, несовршената рима што често ја употре-бува Влада Урошевиќ (на пример: епрувети/рептил, крева/узреваат, изморила/опсерваторија [од „Градина-опсераторија“, Безразборна лабораторија, 2019]). Оваа рима изненадува и значително го освежува изразот, а мојата „самодопуштена“ слобода на несовршено римување мошне ми го олеснуваше процесот на наоѓа-ње рими во италијанскиот јазик - на пример, некои од решенијата во првичниот препев беа: pestano/foresta, chiasso/passi, strillano/camomilla, итн. Но, уредничката од издавачката куќа во Италија беше категорично против ваквата отстапка (во италијанската поезија, при римувањето не се прифатливи ни дуплите консо-нанти: folle/pistole, на пример), па така еден добар дел од римите мораше да биде преработуван.
* * *
Една идеја на која често помислував во процесот на проверка на преводите/препевите: по завршувањето со преведувањето на кратките раскази и на песните, колешките преведувачки, кои во меѓувреме ги прове-рија моите препеви, ми ја испратија и првичната верзија од своите текстови. Проверувајќи ги нивните преводи/препеви, и нудејќи свои коментари и предлози за корекции, сè почесто ми се докажуваше пред-носта од тоа во преведувачкиот процес да биде вклучен и автор/книжевник/уредник кој твори на изворниот јазик, и кој ќе ја има можноста да ги предочи и „сочува“ деликатните стилски нијансирања со кои авторот често знае да го обои текстот (на пример, кога некој израз почнува да биде ироничен, иако тоа не е сосем воочливо).
Исто, како што беше спомнато и на почетокот од овој текст, порано, кога препејував песни од македонски на италијански јазик самостојно, односно без да работам во група, бев воден од она сомнително (не само мое) убедување дека за препејување/преведување на немајчин јазик „поважно“ е совршено да се владее целниот јазик и сите можности што тој ги нуди, што значи преводот на италијански би требало да биде пред сè задача на преведувачи чиј мајчин јазик е италијанскиот. Но, по ова конкретно искуство на преведу-вање песни и раскази од Урошевиќ со увид и предлагање корекции во преводите на другите – за соработката со колешките имам само пофалба и благодарност – во мене се „искалибрира“ сфаќањето (што во суштина и не е некакво откритие) – дека не само што треба да им се обрати подеднакво внимание на двата јазика, туку и многу поважно е што попрецизно читање на терминологијата во оригиналниот текст. Во крајна линија, возможни се многу комбинации, и не можат да постојат правила, но најверојатно една од методологиите за добар превод е постоењето блиска соработка помеѓу преведувач со длабок увид во појдовниот јазик, од една страна, а од друга, преведувач/читател/уредник што припаѓа на културното милје што треба да биде реципиент на тој превод/препев. Најпосле, крај името на преведувачот/препејувачот би требало да стои и името на редакторот.
* * *
Една од „поентите“ на првичната верзија на овој текст беше идејата ЗПРМ и катедрите на нашиот Фило-лошки факултет да соработуваат во активности за „реактивирање“ на нашите лекторати во странство, со цел подготовка на странски преведувачки и преведувачи што на својот мајчин јазик би преведувале дела од наши домашни автори. Но, иако работата на нашите лекторати во странство е од суштинска важност, во полето на интерес на овој текст, можеби многу повеќе треба да се инсистира на идејата – многу поблиска и побрзо остварлива – МАТА и соодветните катедри на нашиот Филолошки факултет да ја засилат соработ-ката во насока на одржување преведувачки работилници на кои наши книжевни преведувачи би биле подготвувани за преведување книжевни дела на странски јазик.
___________________________________________________________________________________________

[1] „Преговарање“ (negoziazione, negotiation) всушност е клучен поим во теоријата на преведување на Умберто Еко. Но, има тука една мошне интересна приказна.
* * *
Користена литература:
- Михајловски Драги, 2002. Под Вавилон. Скопје: Каприкорнус
- Урошевиќ Влада, 1973. Ѕвездена терезија. Скопје: Нова Македонија
- Урошевиќ Влада, 1979. Сонувачот и празнината. Скопје: Македонска книга
- Урошевиќ Влада, 2019. Безразборна лабораторија. Скопје: Магор
- Шопов Ацо, 1993. Поезија. Скопје: Македонска книга
- Eco Umberto, 2003. Dire quasi la stessa cosa. Roma: Bompiani
- Urošević Vlada, 2020. Dietro quell’angolo vi attende la sorpresa (poesie e racconti scelti). Salento: Besa
- www.treccani.it
- www.cercarime.it
- https://dizionari.corriere.it/dizionario_sinonimi_contrari

Благодарност до Здружение на преведувачи на РМ, кое ми предложи да го напишам овој текст, и на тој начин не само да си доразјаснам некои поенти што веќе ги имав напамет, туку и да откријам нови.