Ја видов Нина како лета Џвакај и плукај, на една страна медот, џвакај и плукај, на другата восокот, џвакај и плукај, пред да падне снег... Светло, далечно светло, ти, пониско од ѕвездите, иста рака ли те пали и те гаси? Ја видов Нина како лета меѓу јажињата на лулашката, еден ден ќе ја поземам како ветер по грбот, а ако дознае татко ми, ќе треба да одам во друга земја, ако татко ми дознае, ќе запловам по морето. Џвакај и плукај, пред да заврне снег... Ноќеска дојде сенката, сенката што подбивно ме имитира, ѝ го покажав ножот и мојата маска од црница. А ако дознае татко ми, ќе тргнам на пат, ако татко ми дознае, ќе запловам далеку. Џвакај и плукај, пред да заврне снег... Ја видов Нина како лета меѓу јажињата на лулашката, еден ден ќе ја земам како ветрот грбот, светло, далечно светло, што се пали и се гаси, која е раката што ги осветлува ѕвездите? Џвакај и плукај, пред да падне снег... | Ho visto Nina volare Mastica e sputa da una parte il miele mastica e sputa dall'altra la cera mastica e sputa prima che venga neve luce luce lontana più bassa delle stelle sarà la stessa mano che ti accende e ti spegne ho visto Nina volare tra le corde dell'altalena un giorno la prenderò come fa il vento alla schiena e se lo sa mio padre dovrò cambiar paese se mio padre lo sa mi imbarcherò sul mare. Mastica e sputa prima che faccia neve... Stanotte è venuta l'ombra l'ombra che mi fa il verso le ho mostrato il coltello e la mia maschera di gelso e se lo sa mio padre mi metterò in cammino se mio padre lo sa mi imbarcherò lontano Mastica e sputa prima che metta neve... Ho visto Nina volare tra le corde dell'altalena un giorno la prenderò come fa il vento alla schiena luce luce lontana che si accende e si spegne quale sarà la mano che illumina le stelle Mastica e sputa prima che venga neve... |
За време на Втората голема војна, кога малечкиот Фабрицио се наоѓал во селото Ревињано Д’Асти заедно со братот, мајката и бабата, на истото место била и Нина Манфиери, две-три годишно девојче со кое Фабер минувал голем дел од времето. Сликата на Нина како се ниша на лулашката, и сликата на старите жени од селото кои медот од восокот традиционално го одвојувале со џвакање парчиња пита и плукање на двете супстанци во посебни садови, оставиле инспиративна трага во поетската меморија на Фабрицио.
Ја видов Нина како лета е една од најубавите песни на Де Андре, а интересна е и приказната за тоа како настанала песната. Ивано Фосати вели: „Интересно е тоа што оваа песна е напишана за најкратко време – за 40 минути. Се наоѓавме во една куќа на Пиемонт, на еден мал имот. Во Пиемонт, кадешто Фабрицио работеше на текстовите во една просторија, обично во кујната, многу сакаше да пишува на масата во кујната. Јас бев во друга просторија, подалеку, со сите инструменти, подготвени... Истовремено, значи, во реално време, како што се вели денес, јас го структуирав музикалниот дел, почетната фаза од класична гитара, која понатаму хармонично ја носи целата песна. Во истиот миг, тој, додека ме слушаше, на неколку метри, го пишуваше текстот. И буквално, тукушто завршив со снимање на музичкиот дел, тој, од другата страна, слушајќи, го имаше речиси завршено текстот. И навистина, се сретнавме на сред ходник, и сфативме дека песната, во 40 минути, излезе. Ова беше нешто апсолутно невидено, и за него, а и за мене – и двајцата минувавме по цели денови и недели врз песните.“

Од друга страна, самата Нина Манфиери, во интервју направено седумдесетина години по случувањата што го инспирирале Бичо да ѝ посвети песна, вели: „Фабрицио во Ривињано дојде во 1942. Беше војна, а татко му го имаше купено бачилото за да го заштити семејството, да ги стави на безбедно. Тој имаше две години, бевме врсници. Цело детство го минавме заедно. Главната игра, секој ден, беше лулашката. Освен тоа, одевме по печурки, кога излегуваа печурките, низ ричките, и, се капевме како шатчиња, многупати си го добивавме потоа од мајките, потоа, речиси цело време бевме кај фонтаната, затоа што во фонатана, кај бунарот, имаше гуштери, и минувавме часови гледајќи ги гуштерите. А во зима пак, одевме во шталата, со бачот, со старите, а тие раскажуваа приказни од војната... Јас го викав Бичо. Како што тој мене ме викаше Нина, затоа што сите во семејството ме викаа Нина. Кога ќе се налутеше – а лесно се нервираше – ми велеше, налутен, и тоа на дијалектот од Пиемонт: „да си знаеш Нина, дека ако ме нервираш, нема да се оженам со тебе“.