Виа дел Кампо На Виа дел Кампо има една убавица со големи очи, со боја на лист цела ноќ стои на прагот на сите продава иста роза. На Виа дел Кампо има едно девојче со усни со боја на роса со очи сиви како патот никнуваат цветови кај што гази. На Виа дел Кампо има една курва со големи очи со боја на лист ако имаш желба да ја љубиш, доволно е да ја земеш за рака. И ти се чини дека далеку ќе одиш таа те гледа со насмевка, и не ти се верува дека рајот е онде, на првиот кат. По Виа дел Кампо оди еден занесен да ја моли да ја жени да ја гледа како се качува по скалите сè додека не се затвори вратата. Љуби и смеј се ако со љубов ти врати плачи на цел глас ако не одговара: од дијамантите не се раѓа ништо од гнојот се раѓаат цветови. | Via del campo Via del Campo c'è una graziosa gli occhi grandi color di foglia tutta notte sta sulla soglia vende a tutti la stessa rosa. Via del Campo c'è una bambina con le labbra color rugiada gli occhi grigi come la strada nascon fiori dove cammina. Via del Campo c'è una puttana gli occhi grandi color di foglia se di amarla ti vien la voglia basta prenderla per la mano e ti sembra di andar lontano lei ti guarda con un sorriso non credevi che il paradiso fosse solo lì al primo piano. Via del Campo ci va un illuso a pregarla di maritare a vederla salir le scale fino a quando il balcone ha chiuso. Ama e ridi se amor risponde piangi forte se non ti sente dai diamanti non nasce niente dal letame nascono i fior |
Отфрлените, отпишаните, оние што наизглед немаат што да загубат, отсекогаш му биле најдраги на Фабрицио де Андре. Кантавторот, слично како и поетот Умберто Саба, ги цени навидум бедните души од највалканите ќошиња од заедницата, пред сè поради непосредноста и природноста на нивната емоција, која е неопходно спротивставена на извештаченоста во манирите на таканаречената висока класа. Симпатијата кон отфрлените е најубаво доловена во песната Стариот град (напишана според истоимената поезија од У. Саба): таму Фабер доследно го отсликува пејзажот на презрените, при што не се труди да ги поштеди грешниците од гревовите, но не заборава ни да го забележи достоинството во нивната спонтаност и директност.
Слично како Стариот град, Виа дел Кампо е песна којашто ја открива убавината на она што на прв поглед изгледа ниско и валкано, со таа разлика што Виа дел Кампо не ја опишува целата оваа заедница, како Стариот град, туку (како и во Песната за Маринела) само еден нејзин жител: проститутката од злогласната уличка Via del Campo, којашто мнозинството би ја обележало како талог на општеството и би ја одминало, кантавторот, со редок осет за човечност, ја извлекува од сенките, ја става во центарот од нејзината приказна, и ја издигнува до степен на хероина, со тоа што претставува како најголем копнеж на еден друг живот.
Како и во најголем број од своите песни, и тука авторот често употребува метафори. Посебен впечаток остава гнојот, кој има двојно значење: од една страна, претставува гнаса, мизерија, а од друга, означува плодност, ударно спротиставена на стерилноста на светкавите дијаманти, симбол на таканареченото високо општество.
Виа дел Кампо е една од најславните и најценетите песни на Фабер. Музиката е „позајмена“ од песна од неговиот современик Енцо Јаначи (Enzo Janacci), но ова само докажува дека текстовите се посилната страна на кантавторот.