Книгата „Куфер за тројца“ на Ж. Грозданоски се состои од три новели: „Ќе те сакам засекогаш“, „Куфер за тројца“ и „За животот на едно дрво“. Со голема леснотија и многу хумор, кој понекогаш е урнебесен, а понекогаш многу горчлив и повеќе нè тера на плачење отколку на смеење, авторот зборува за сеопштата „сапунизација“ и тривијали-зација на секојдневието, вешто поигрувајќи си со конвенциите и општите места од она што е масовна и поп култура. Боејќи ги приказните со локален колорит, Грозданоски не ја штеди малограѓанштината, глупавоста и плашливоста на просечниот човек. Нарацијата која на моменти изгледа мрачна е разбиена со бројните младешки анегдоти и натопена е со емотивност која вешто се спасува од патетиката. Понекогаш раскажани со едноставен израз, а понекогаш со радикални постапки и техники (како новелата „За животот на едно дрво“ која има дури триесет различни нарато-ри), приказните на Живко Грозданоски имаат една заедничка карактеристика: секогаш ве тераат да ја свртите следната страница и да продолжите со читањето. |