Сенилност е вториот роман на Итало Звево. Итало Звево е второто име на Еторе Шмиц. Еторе Шмиц се родил во Трст во 1861, (годината на обединувањето на Италија) од Италијанка и Австроунгарец. Неговиот стил долго не бил прифатен во италијанските книжевни кругови, со слава се здобил дури по смртта. По вториот објавен роман (1898) се откажал од пишување и изјавил дека двете објавени книги биле напишани не од него, туку од неговиот (неодамна починат) брат. По 25 години, Звево се запознал со Џемс Џојс. Овој, освен што му држел часови по англиски, го убедил Звево да продолжи со пишување. Тогаш Звево го напишал своето ремек-дело, Свеста на Ѕено.
Освен тоа што Звево умешно ја користи иронијата, особено внимание посветува и на теориите на Фројд и Дарвин. За него, книжевноста е и еден вид „терапија“, а животот мора да биде „окнижен“ за да биде оттргнат од „ужасниот, реален живот“. Така, неговите книги редовно имаат нешто автобиографско. Сенилност, на пример, е „обработка“ на врските помеѓу авторот, еден негов пријател (Умберто Веруда, сликар) и извесна шивачка по име Џузепина Ѕергол.
Во продолжение се наоѓа почетокот од второто поглавје во романот.

Темплум, Скопје, 2011 (319 стр.)
Следи корицата на едно италијанско издание на Сенилност, како и оригиналот на горепреведените страници. (Напомена: доколку буквите се премногу ситни и нечитливи, постои можност со десен клик на сликата да одберете “Save image as...“, да ја спуштите на компјутер и да ја читате на висока резолуција).