Нешто напишано од Емануеле Треви совршено си го оправдува насловот - тоа не е ни роман, во вистинска смисла на зборот, не е ни низа патеписи, не е ни биографија, ни автобиографија, ни моно-графија. А сепак, оваа книга е сето тоа, но и многу повеќе - токму таа нејзина непретенциозност е одговорна за тоа нешто повеќе. Стилот на Треви е сосем ненаметлив (каков што е, во суштина, и самиот тој), и токму тоа го прави „леплив“ за најпрефинетите читателски непца. Во оваа книга, која почнува и се одвива во видливиот свет, најпосле се достигнува едно галантно кокетирање со метафизиката, при што читателот сфаќа дека сосем залудно би се обидел да се задржи за реалното, имајќи пред себе свет што оди многу подалеку од она што се гледа. Книгата е длабока студија за ненадминливиот П. Паоло Пазолини и неговиот „Петролеј“, слатко-горка биографија на скандалозната Лаура Бети и нејзината врска со писателот и режисер, шармантна автобиографија на самиот автор, и цел список патеписи. Да се рече дека Нешто напишано е роман - е потценување. Треви успеал да го надмине романот. Едноставно - пишувајќи нешто. |
0 Comments
|
AuthorWrite something about yourself. No need to be fancy, just an overview. ArchivesCategories |