Она што ми остави впечаток и ме наведе да го напишам овој текст беше крајот на колумната на Венко А., каде што тој вели дека потребно е да се изработи „систем на бодување, или ранг-листа на писатели, според бројот на освоени меѓународни и домашни признанија, критики, вреднувања, број на читатели, за да не доаѓа до ситуации во сè да се меша и повикува политиката“. Се замислив - кога би морало да го има, каков би бил тој „систем на бодување“, со кој би се определувал „учинокот“ на авторите? И, кога би се формирала таква небалгодарна „ранг-листа“, за што воопшто би ни служела? Иако најголемиот број бодови се доделуваат за нови изданија на книгите и за преводи на книгите на друг јазик, очигледно е дека оваа методологија на оценување во голема мера не го одразува квалитетот на објавените дела на авторите, туку пред сѐ интензитетот на присутноста на авторите на книжевната сцена, па дури и нивните „неписателски“ дејности. Секако, од друга страна, не може да се порекне ни тоа дека во голема мера присуството на сцената зависи од квалитетот, и тоа дека многу често „неписателските“ дејности (предавање/преведување/занимавање со други уметности/др.) во голема мера придонесуваат на квалитетот на делата што се произведуваат.Овој систем на претворање во нумеричка вредност на био-библиографијата на одреден книжевен автор, би можел евентуално да се усоврши, евентуално за „интерна“ употреба на Комисиите, но би останал совршено бесполезен доколку не биде применет во здрав контекст. Во смисла, потребно е создавање на стабилен систем во Министерството за култура. Следниве неколку точки, кои на свој начин се вклучени и во Прогласот, укажуваат на мерките што би требало да се преземат за да се постигне не само правично, туку и праведно функционирање на Комисијата за издавачка дејност на Конкурсот на Министерството за култура.Ова е само зачеток на идејата за објективно вреднување на интензитетот на присуството на авторите на книжевната сцена. Ако е важно овој метод да се допрецизира, многу е поважно да се изнајде вистинскиот за примена на овој метод. Треба да се размисли за потребата од поделба на авторите во неколку старосни групи (на пр. - до 25, 26 - 45, 46 до -), итн. Треба да се воспостави и метод според кој кои групи писатели (и издавачки куќи) колку често ќе можат да добиваат средства од Министерството, и други прашања.
0 Comments
|
КнигиСтраница за книги По месеци
November 2018
Категории |