Бдеење Врв Кватро, 23 декември 1915 Цела една ноќ фрлен крај соборец масакриран со устата озабена кон полната месечина со вкочанетоста на неговите прсти набиена во мојата тишина напишав зборови полни љубов Никогаш не сум бил толку приврзан за животот | Veglia Cima Quattro il 23 dicembre 1915 Un'intera nottata buttato vicino a un compagno massacrato con la sua bocca digrignata volta al plenilunio con la congestione delle sue mani penetrata nel mio silenzio ho scritto lettere piene d'amore Non sono mai stato tanto attaccato alla vita |
Џузепе Унгарети (Giuseppe Ungaretti, 1888 - 1970) имал претци од Италија, но се родил и пораснал во Александрија (Египет), учел во Париз, а потоа и активно учествувал во првата голема војна, каде и го напишал својот „воен дневник“, односно првата збирка поезија.
Критичарите често го сместуваат Унгарети во групата херметички поети, иако неговиот стил е уникатен: поетот (барем во првата фаза од своето творештво) има тенденција постојано да им се навраќа на своите песни и филигрански да ги уредува зборовите и празните редови сè додека не дојде до чист, рафиниран, есенцијален израз. Неговата прва збирка „Радост“ најпрво го носела името „Радост во бродолом“: Унгарети војната ја гледа како настан кој со сиот свој ужас нè потсетува на минливоста и кревкоста на нашето постоење, со што придонесува многу поискрено да му се радуваме на животот.